Годишен концерт на Октет Прилеп во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп

Концерт на Октет Прилеп во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Музичката група која веќе 30 година ја негува и пее македонската староградска музика Октет Прилеп ќе го одржи годишниот концерт. Концертот е закажан за 15.11.2024 година (петок) со почеток од 19:00 часот. 

Имено, како што велат членовите на групата концерт ќе трае 2 часа, а на истиот ќе бидат изведени и отпеани препознатливи македонски песни кои се „симболи“ на традиционалната староградска музика.

Инаку, на овогодишниот годишен концерт од Октет Прилеп гости ќе бидат Сашо Башески, Белинда Ристеска и Викторија Георгиеска. Влезниците за концертот се по цена од 100 денари, а концертот е поддржан од Општина Прилеп.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми