Во НУЦК„Марко Цепенков’’-Прилеп ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“

В’понеделник концерт на женскиот камерен хор „Керамија“ во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...

Во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Концертот е закажан за 11.11.2024 година (понеделник) со почеток од 19:00 часот и истиот ќе се одржи во фоајето при НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп.

Имено, на концертот ќе бидат изведени дела од духовен карактер, македонски народни песни, македонски забавни песни како и странски односно англиски познати хитови. Женскиот камерен хор „Керамија“ во моментов работи под диригентска палка на Катерина Попоска. 

Музички соработници на овој концерт од „Керамија“  ќе бидат Иле Иваноски на пијано, Мендо Ташкоски на тамбура и Филип Бурнески на тапан и тарабука.

Инаку, гости на овој концерт ќе бидат од поп-рок хорот „Бит Вокс“ од Битола кој работат под диригентска палка на Марина Коруновска, а Александра Ристески ги придружува на пијано корепетација.

На концертот од женскиот камерен хор „Керамија“ што ќе се одржи в’понеделник во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп ќе се чита и поезија, а истата ќе ја читаат Лина Димовска и Фили Димкоски. Влезот за концертот е слободен.


#Култура

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови