Изложба „Човек-муза“ од Зоран Тодороски ќе биде отворена во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп
Изложбата „Човек-муза“ од Зоран Тодороски ќе биде отворена во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп...
Едукативна изложба на уметности генерирани од вештачката интелигенција под наслов „Човек-муза“ од уметникот Зоран Тодороски ќе биде отворена утре 22.11.2024 година (петок) во ликовниот салон од НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. Изложбата ќе биде отворена во 19:00 часот.
Изложбата ќе може да се погледне до 29.11.2024 година (петок) до 12:00 часот напладне.
„Поимот вештачка интелигенција започнува да се употребува уште во почетокот на 50 -тите години, со нејзината појава, кога развојот беше условен од ограничената моќ на компјутерските системи во тоа време.
Забрзаниот развој на компјутерските системи овозможи забрзан развој во оваа област што евентуално ќе ја направи комуникацијата со машините по човечна а со тоа и полесна и подостапна употребата на напредната технологија генерално. Овој забрзан развој доведе до појава на таканаречените “Големи Јазични Модели“ кои станаа популарни пред се поради нивната намена за употреба од обичните корисници без потрбно специјална обука и поради нивната универзалност. Како и да е, самиот поим Вештачка Интелигенција, нејзините можности, достапността и начинот на употреба остана ексклузивна привилегија за оние по упатените во технологијата поради одсуството на информативен медиум што би ја запознал генералната јавност. Едукативната изложба има за цел да ги презентира некои од можностите на вештачката интелигенција кои се достапни за обичниот корисник, како и да ги запознае присутните со историјата, суштината и достапните алатки и можности на обичниот корисник. Кратко, со присуството на едукативната изложба посетителот ќе се стекни основните знаења, вештини и совети за интеракција со оваа релативно нова алатка.
Планирано се неколку кратки излагања од организаторот и истакнати експерти кои во релаксирана атмосфера ќе ги запознаат со историјата, клучните моменти во развојот како и начинот на функционирање на техничко ниво.
Ќе бидат изложени слики во различни стилови и техники генерирани од вештачка интелигенција пропратено со музика и поезија генерирана од вештачка интелигенција кои ќе ги воодушеват присутните но и ќе предочат недостатоците и неопходноста на инспирација, мотив и човечка емоција во уметността. Секако дека крајниот збор ќе биде оставен на уметниците кои ваквиот настан го оценуваат како, интересен и потребен.“-велат од Цепенеков.
#Култура
Коментари
Постави коментар