Претреси во Прилеп и Битола, пронајдени 5000 парчиња пиротехника

Во Битола се пронајдени 3000, а во Прилеп 2000 парчиња пиротехника...

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Битола, по претходна судска наредба, извршиле претрес во дом на малолетно лице во Битола, при што биле пронајдени 3000 парчиња пиротехника.

Во текот на вчерашниот ден, исто така, полициски службеници при ОВР Прилеп, а од СВР Битола ги лишиле од слобода лицата со иницијални А.О (26) и Ф.И (36) од Прилеп бидејќи, кај нив биле пронајдени и одземени 2000 парчиња пиротехника.

Од СВР Битола известуваат дека по целосно документирање на случаите против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми