Инспектори на АХВ уништија 620 килограми небезбедна храна
Од АХВ велат дека граѓаните треба да внимаваат како ја приготвуваат храната...
Инспектори од Агенцијата за Храна и Ветеринарство (АХВ) уништија околу 620 килограми небезбедна храна претежно од животинско потекло. Од страна на АХВ спроведени се вонредни инспекциски надзори во 191 месарница и други објкети и продавници за храна од животинско потекло. Најголем дел од уништената храна се несоодветно декларирани и замрзнати месни производи.
Од АХВ исвестуваат дека во овој период нивни иснпектори се постојано на терен и вршат контролни надзори врз сите угостителски и трговски објекти во кој се служи или продава храна.
Имено, од АХВ велат дека за утврдените неправилности нивните инспектори издале 29 решенија за отстранување, биле изречени опомени за тројца оператори со храна, а 14 оператори на храна како што велат од АХВ биле парично казнети.
Во изминативе денови од страна на АХВ биле направени 244 надзори во угостителски објекти при што биле изречени 23 казни.
Инаку, од АХВ апелираат граѓаните да внимаваат како ја приготвуваат и каде ја чуваат храната.
#Македонија
Коментари
Постави коментар