Карате Клубот „Бонсаи“ од Прилеп се стекна со право за настап на плеј оффот за Европско Првенство во Полска

 Карате

Карате Клубот „Бонсаи“ со учевство на плеј оффот за ЕП Во Полска...

Во текот на вчерашниот ден во спортската сала „Архиеписокоп Доситеј“ со локација во скопска Кисела Вода  од страна на Карате Федерацијата на Македонија се одржа државно првенство за карате.

На државното првенство за карате учевство зеде и прилепскиот карате клуб „Бонсаи“ . Членовите од „Бонсаи“ на државното првенство за карате освоија 11 медали и се стекнаа со право за настап на следниот државен плејофф за ЕП кое што годинава ќе се одржи во Полска.  Претсваници од прилепски „Бонсаи’’ беа Марија Јорданоски, Катерина Јорданоски, Бојан Димитриоски, Филип Бучевски, Марко Бучевски, Јована Талеска и Елеонора Ковилоска, а додека пак во тимот беа Јована Илиоска, Марија Јорданоски, Меги Ангелеска и Софија Иваноска. 

Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП на членовите од „Бонсаи“ им посакува многу успеси и освоени медали.


#Спорт

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп