Градскиот превоз во Прилеп за празникот Свети Никола ќе сообраќа по неделна возна линија

Од ЈП за ПУП известуваат дека...

Од ЈП за ПУП Прилеп известуваат дека автобусите за претсојниот празник и градска слава Свети Никола на ден 19.12.2024 година (четврток) ќе возат по вонредна (неделна) возна линија  и тоа на секој 60 минути.

Од таму известуваат дека првото тргнување е во 06:30 часот наутро од пред Хотел „Салида“ односно во 06:30 часот наутро од постојката „Трло“, а додека пак последното возење ќе биде во 15:30 часот попладне од Новите Гробишта односно во 15:30 часот попладне од пред Хотел „Салида“.

Инаку, од ЈП за ПУП на сите граѓани од православната вероисповед му го честитаат празникот Свети Никола.


#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови