Известување од црковните храмови свето „Благовештение“ и свети „Кирил и Методиј“ по повод претстојната слава Свети Никола
Од црковниот храм известуваат дека...
Од црковниот храм свето „Благовештение“ односно стара црква во Прилеп излегоа со соопштение за тоа во кој термин ќе се креваат односно прережуваат лепчињата за претстојната слава Свети Никола.
Како што се вели во соопштението на 17.12.2024 година (вторник) лепчињата во храмот свето „Благовештение’’ (стара црква) ќе се прережуваат од 07:30 часот наутро до 17:00 часот попладне. На 18.12.2024 година (среда) лечињата во храмот свето „Благовештение“ ќе се креваат од 07:00 часот наутро до 17:00 часот попладне, во храмот свето „Преображение“ (грчка црква) лепчињата ќе се прережуваат од 15:00 часот попладне до 16:30 часот попладне, во храмот свети „Пантелејмон“ (Болница) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 часот попладне до 13:00 часот попладне, во храмот свети „Константин и Елена“ (Типски) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 часот претпладне до 13:00 часот попладне и на 19.12.2024 година (четврток) лепчињата во храмот свето „Благовештение“ (стара црква) ќе се прережуваат утрото веднаш по утринската богослужба.
Со сооштение за прережување на лепчињата за празникот Свети Никола излегоа и од црковниот храм свети „Кирил и Методиј“ (Праклис) од каде известуваат дека на 17.12.2024 (вторник) во храмот свети „Кирил и Методиј“ (Параклис) и во храмот света „Петка“ (Точила) лепчињата ќе се прережуваат од 07:30 часот наутро до 17:00 часот попладне, на 18.12.2024 година (среда) лепчињата ќе се прережуваат од 07:30 часот наутро до 17:00 часот попладне и на 19.12.2024 година (четврток) лепчињата во овие два прилепски црковни храмови ќе се прережуваат веднаш по утринската богослужба.
#Локално
Коментари
Постави коментар