Во Прилеп се слави Св.Никола, најмасовната домашна слава

По 19-ти пат годинава во Прилеп се слви Св.Никола...

Прилепчани денеска на Св.Никола по 19-ти пат дојдоа да му оддадат почит како и слава на овој познат христијански светител. Св.Никола од 2005 година е патрон на град Прилеп. Како и изминативе години, така и оваа во Прилеп традиционално се делеше посна светиниколска трпеза на отворено, а истата беше благословена од страна на митрополитот Преспанско-пелагониски и Австралиско новозеландски, господин Петар кој ги повика локалните власти овој голем христијански празник како и патрон на град Прилеп да биде прогласен за неработен ден.

„Да се прогласи денешниот ден Св. Никола барем да биде неработен и слободен ден. Сите на денешен ден да се најдеме во правослвните храмови и да го просалуваме истиот. Доаѓајќи наваму, дечињата од училиштето не здогледаа и и почнаа да ни тропаат на прозорците за да не поздрават. Зошто и тие денеска да не се слободни? Сите треба да бидеме слободни, па доколку нема друг начин денешниот ден да биде прогласен за неработен, односно ден за прослава на Светиот Николај, нека биде слободен ден со одработување во друг ден од седмицата, без разлика дали тоа ќе биде сабота или пак некој друг ден“-вели во својата изјава за медиумите господинот Петар.

Митрополит Преспанско-пелагониски и Австралиско-новозеландски, господин Петар

Имено, честитки до прилепчани пристигнаа и од Локалната самоуправа при Општина Прилеп, која освен генерален покровител годинава беше и домаќин на градската прилепска слава. Градоначалинкот на Прилеп, Борче Јовчески вели дека Св.Никола е симболот на хуманоста и добротворноста како и грижа на немоќните и сиромашните и дека денешниот настан е еден од настаните кој е надалеку прочуен.

Градоначалник на Општина Прилеп, Борче Јовчески

„Денешниот празник Св.Никола е надалеку прочуен и истиот е симбол на хуманоста, добротворноста и грижа како за немоќните така и за сиромашните. Делото на Св.Никола претставува патоказ и инспирација за тоа како да ја градиме нашата заедница врз основа на разбирање и врз основа на солидарност. Годинава Локалната Сампупарава при Општина Прилеп ја има таа чест да биде домаќин на оваа градска салава. Се трудиме денешниот празник да го одбележиме достојно и во духот на нашите вредности и традиции“-вели прилепскиот градоначалник, Борче Јовчески. 

Инаку, кумството за наредната година го превзедоа две успешни прилепски компании „Матадор’’ и „Бимфуд“.

Доделување на иконата на светиот Никола на новиот домаќин, сопственикот на компанијата „Матадор“, Игор Стеванов

„Од името на мојата компанија и од името на комапнијата „Бимфуд“ кои што домаќини годинава се во Србија на нивната домашна слава, ви се заблагодарувам на сите за честитките, а исто така нарената година ве поканувам во што поголем и помасовен број да го прославиме денешниот празник Св.Никола заедно овде во центарот на Прилеп“-вели Игор Стеванов, сопстевник на прилепски „Матадор“ и иден домаќин.

Веднаш по традиционалната посна трпеза на отворено следуваше музичка забава со реномиран прилепски оркестар.

Празникот Св.Никола за патрон на Прилеп е воставен во 2005 година, а во 2008 година како Прилеп така и Македонија влегоа во Гинисовата книга на рекорди со најголемата порција на минијатурни посни сармички со големина на лешник.


#Локално


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови