Одржано едукативно предавање на тема ХИВ-СИДА во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Одржано едукативно предавање на тема хив-сида во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп...

По повод 1 декември, денот  на борбата против СИДА во просториите на СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп беше одржано едукативно предавање од страна на членови од Студентската организација на медицинска сестра (СОМА), студенти на Факултетотза медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Предавањето беше повеќе од корисно бидејќи учениците имаа што да видат, да слушнат и да научат кога станува збор за вирусот ХИВ како и за болеста СИДА.

Џеладин Шериф член на СОМА, студент Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штипи поранешен ученик во СОУ „Ѓорче Петров“  - Прилеп  за ИНФО-ПРИЛЕП изјави дека денешниот настан е дел од пошироката иницијатива на СОМА што вклучува организирање на слични активности кои ќе служат за унапредување на здравствената едукација.

Денес, во просториите на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп, заедно со членовите на СОМА, реализиравме едукативно предавање посветено на темата ХИВ - СИДА. Овој настан е дел од пошироката иницијатива на СОМА, која вклучува организирање на слични активности и унапредување на здравствената едукација“-изјави Џеладин Шериф.

Имено, Шериф додава дека СОМА е организација која активно работи на промовирање на медицинската наука и напредокот во неа, а за денешното едукативно предавање во СОУ„Ѓорче Петров“рече дека е од посебно значење бидејќи, успеале да ги вклучат учениците од завршните години во една убава и плодна дискусија, со тоа што членовите на СОМА на учениците им пренесле важни информации и практични совети за оваа значајна здравствена тема и дека ваквата идеја произлегла од членовите на организацијата, а тие заедно со раководниот одбор и претседателот одлучиле да ја реализираат.

СОМА претставува организација која активно работи на промовирање на медицинската наука и поттикнување на напредокот во оваа сфера. Денешното предавање беше посебно значајно бидејќи, успеавме да ги вклучиме учениците од завршните години во плодна дискусија, пренесувајќи им важни информации и практични совети за оваа значајна здравствена тема. Ваквите иницијативи се од суштинско значење за подобрување на свесноста и подготвеноста на младите генерации да се соочат со предизвиците во областа на здравството. Идејата за ваков вид настан произлезе од членовите на организацијата, а ние од раководниот одбор, заедно со претседателот, ја разгледавме и одлучивме да ја реализираме“-додаде Шериф.

Инаку, на настанот беше присутна и директорката на училиштето Жанета Видевска која го изрази своетоголемо задоволство што поранешни ученици од училиштето дошле и им одржале предавање на сегашните ученици за тоа што е ХИВ-вирус, а што СИДА.

„Ми претставува задоволство што наши поранешни ученици денес нѐ посетија и на нашите сегашни ученици им одржаа едукативно предавање на оваа тема. Тоа се студенти на медицински науки при УГД – Штип, кои основите на медицинските науки ги стекнаа токму овде и јас сум горда на нивните заложби да го дадат својот скромен придонес во зачувувањето на здравјето на младите. Благодарност до Џеладин, Сара, Флорентина, Симеона, Антонио, Ангела и останатите студенти, наши поранешни ученици затоа што во распоредот на своите едукативни предавања, на прво место го ставија училиштето од чиишто клупи излегоа пред неколку години“– изјави Видевска.

Годинава во месец февруари во ИЈЗ биле пријавени четири нови случаи на ХИВ и еден случај на СИДА кај лица од машки пол кои биле на возраст од 20 до 39 години..


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп