Сашо Башески и диџеј дуото „Сирилик“ ќе ги забавуваат прилепчани за време на новогодишната ноќ

За најмладите ќе има и детска дневна програма...

На само 10 дена сме од прагот на новата 2025 година, па сите се прашуваме кој музички имиња ќе ги забавуваат граѓаните во градовите низ целава држава?

Од Општина Прилеп денеска објавија дека за новогодишната ноќ прилепчани ќе ги забавуваат едно од најпознатите диџеј дуа во Македонија „Сирилик“, потоа музичката програма во центарот на Прилеп ќе продолжи со Балканика бенд и Сашо Башески кој се прослави благодарение на учеството во едно од најгледаните музички тв-формати на балканот „Никогаш не е доцна“. Како што велат од Општина Прилеп вечерната програма за дочекот на новата 2025 година во Прилеп е со почеток од 22 часот и истата е со локација на прилепскиот плоштад „Александрија“.

Од Општина Прилеп исто така известуваат дека забава ќе има и за најмладите односно на 31.12.2024 година точно напладне на Камената бина во центарот на Прилеп ќе се одржи музичкиот детски фестивал „Весели Ѕвончиња by Jana“.

Градоначаланикот на Општина Прилеп ги повика прилепчани заедно да ја испратат 2024 година, и заедно да ја дочекаат новата 2025 година со многу музика, радост, љубов и со убави желби.

 

#Лоаклно



Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови