Струмичката ТВ Канал Вис остана без дозвола за телевизиско емитување

Советот на АВМУ донесе одлука со која се одзеде дозволата за телевизиското  емитување на ТВ Канал Вис од Струмица...



Советот на АВМУ донесе одлука со која што се одзеде дозволата за телевизиско емитување на струмичката регионална телевизија Канал Вис. Директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски на јавниот состанок рече дека телевизијата не ги исполнувала минималните законски услови за работа како и дека главниот и одговорен уредник на телевизијата не е во редовен работен однос.

АВМУ изврши административен надзор кај сите 93 радиодифузери, а во врска со обезбедување јавност во работењето и таа обврска не ја исполни само ТВ Канал ВИС од Струмица. Во овој период исто така извршени се 57 административни надзори на радиодифузерите, од нив 31 надзор врз радијата и 26 врз телевизиите со цел да се утврди дали ги исполнуваат минималните кадровски услови утврдени со правилникот за минимални просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување. Од надзорите беше констатирано дека кадровските услови не ги исполнува само ТВ Канал ВИС од Струмица, a одговорниот уредник во оваа телевизија не е во редовен работен однос со полно работно време ангажиран во телевизијата.“-вели Трајчевски.

Со донесувањето на одлуката за одземање на дозволата за телевизиското емитување на ТВ Канал Вис од Струмица, а донесена од страна на АВМУ, струмичкиот регион во овој период останува без радиодифузер, но според  информациите во АВМУ има доставено иницијатива за отворање на нова телевизија во струмичкиот регион, велат од АВМУ.

На четвртиот јавен состанок на АВМУ, директорот Трајчевски информираше дека во последниот квартал извршиле како редовни административни надзори на повеќе законски обврски врз националните и регионални телевизии, и се забележани повеќе прекршувања. Трајчевски исто така информираше дека надзори се извршени и врз деветнаесет издавачи на печатени медиуми.

Како што вели Трајчевски надзорот е извршен со цел да се провери дали е исполнета законската обврска со која што издавачот е должен на видно место на секој печатен примерок да обезбеди објавување на импресиум.

„Обврската за објавување импресиум е целосно испослента кај сите медиуми“-додава Трајчевски.

АВМУ исто така заради констатирано непочитување на заокнските обврски донесе единаесет јавни опомени за девет радиодифузери. Од страна на АВМУ исто така донесени се и решенија за јавно опоменување и исклучување за неемитување на програмски сервиси поради реемитување на програмски сервиси кој не се регистрирани во АВМУ.

Инаку, состојбата со радиодифузерите не ништо подобра ниту во прилепскиот регион каде од пред околу четири години беше затворена локалната телевизија Канал Визија, а од пред една година беше затворено и локалното Радио 5 Чоки.


Ивор на информации: МРТ

#Македонија


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови