Еве кој се добитниците на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“
Наградата е доделена на двајца публицисти и двајца новинари...
Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ на седница која беше одржана на 15.11.2024 година, донесе одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за оваа 2024 година. Наградата се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството кој се од интерес за Република Северна Македонија.
Имено, за оставрувањата во публициската одборот, наградата ја доделува на Иван Антовски и на Делвина Крлуку, и двајцата публицисти, а додека пак наградата за оставрувања во новинарството одборот ја доделува на Атанас Костевски и Љупчо Јолевски, и двајцата новинари.
Инаку, наградата ќе им биде врачена на добитниците на свечена академија на 21.12.2024 година (сабота), во свечената собраниска сала во Собранието на Република Северна Македонија.
#Македонија
Коментари
Постави коментар