За време на викендот променливо облачно и врнежливо време

Од УХМР известуваат дека...

Според податоците од УХМР денеска не очекува променливо облачно врееме, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -4 до највисоки 12 степени целзиусови. 

Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден не очекува променливо облачно со повремени врнежи од дожд време. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски -1 до највисоки 10 степени целзиусови.

Прогноза за 16.12.2024 година (понеделник)

Според податоците од УХМР во понеделник не очекува студено утро, а преку денот мала до умерена облачност и сончево време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж поврардарието засилен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум во интервалот од најниски -5 до највисоки 11 степени целзиусови.

Прогноза за 17.12.2024 година (вторник)

Во вторник претпледне по котлините ќе има појава на магла, а преку денот не очекува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски -4 до највисоки 14 степени целзиусови.

Прогноза за 18.12.2024 година (среда)
Во среда во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -2 до највисоки 16 степени целзиусови.

Временска најава

Во текот на утрешниот ден  времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер, кој ќе продолжи да дува и во понеделник.
Во текот на следната работна седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Од вторник до четврток по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, поради што и дневни температури ќе бидат пониски.

Метео предупредување

Денес сабота, особено долж Повардарието ќе дува повремено засилен јужен и југоисточен ветер.


Изор на информации:УХМР

#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп