„Слоу Фуд“ по втор пат во Прилеп (фото)

Манифестацијата „Слоу Фуд“ се одржува втора година по ред во Прилеп...

По повод новогодишните и божиќни празници во Прилеп годинава по втор пат се одржа манифестацијата „Слоу Фуд“.

Претседателката на „Слоу Фуд“ Прилеп, Тодорка Наумоска-Димеска вели дека годинава има повеќе домашни производители изложувачи и дека има мала разлика во цените

„Бенефитот е тој што малите локални производители можат да се промовираат дома. Производителите најчесто се од Прилеп и од околните градови Кавадарци, Неготино. Разлика во цените има и тоа минимална, но тоа е очекувано бидејќи, овие производи се направени со повеќе љубов и труд“-вели Димеска.

Гоце Бумбароски член на „Слоу Фуд“ Прилеп вели дека интересот кај насалението за овој базар е се поголем и се надева дека истиот ќе премине во традиција и ги покануваат сите кои сакаат да го посетат бидејќи, како што вели Бумбароски производите наголемо се трошат.

„Со оглед на тоа што ова е втора година и гледаме дека интересот е се’ поголем, останува да им кажаеме на нашите сограѓани дека остануваме на тоа да биде се позачестен и не само предновогодишен базар, туку и во другите делови на годината да организираме еден ваков базар. Ги покануваме сите кои сакаат да го посетат овој базар бидејќи, производите како што гледаме веќе наголемо се трошат и трговците ги продаваат своите производи“-вели Бумбароски.

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески рече дека традиционалниот новогодишен базар денес започнува и на граѓаните им ја честита новата 2025 година и им посака среќа, здравје и успех во животот.

„Со големо задоволство и чест започнува традиционалниот новогодишен базар во Прилеп. Традиционално нашите производители ги изложуваат своите производи, а има и интересни работи кои можат да послужат како новогодишен подарок. Програмата е збогатена со многу музика, забава, детско катче, а имаме и дедо мраз и за секоја генерација има интресни моменти. Прилеп од денеска до понеделник ќе ја збогати новогодишната и предновогдишната програма. Изложувањето на домашните и соседни производители уште еднаш покажа дека Прилеп има со што да се пофали“-вели Јовчески.

На манифестација која годинава се одржува на платото кај прилепската саат кула има околу 30 производители кој ги имааат изложено своите производи,а меѓу нив е и Мартин Митрашкоски од селото Вранештица, Кичевско кој долги години се занимава со грнчарство.

Митрашкоски вели дека четири генерации се занимавале со грнчарството и дека тешко младите го наследуваат грнчарството, бидејќи како што вели Митрашкоски занаетот е тежок и дека младите скоро и да немаат интерес за истиот.

„Четири генерации се занимаваме со грнчарството. Земјените грнчарски производи се доста барани особено по рестораните, и некој од помладите генерации нема да го наследи грнчарството како занает затоа што истиот е доста тежок, а младите немаат интерес. Саемите ги посетуваме редовно, а годинава е втор новогодишен базар во Прилеп каде дружењето е прекрасно“- вели Митрашкоски.

На новогодишниот базар во Прилеп можат да се најдат производи како од мед и пчелни производи па се до накит и греано вино. Базарот во Прилеп започна денеска напладне, а истиот ќе трае до понеделник попладне.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп