Известување од црковните храмови по повод претстојната слава Воведение на Пресвета Богородица (Пречиста)

Од црковните храмови известуваат дека...

Од црковниот храм свето „Благовештение’’ (стара црква) од Прилеп излегоја со соопштение за тоа во кој термини ќе се прережуват лепчињата.

Имено, како што се вели во известувањето на 3.12.2024 година во храмот свето „Благовештение“ лепчињата ќе се прережуваат од 7:00 до 17:00 часот, во храмот свето „Преображение“ (грчка црква) лепчињата ќе се прережуваат од 15:30 до 17:00 часот, во храмот свети „Пантелејмон“ (болница) лепчињата ќе се прережуваат од 11:00 до 13:00 часот и во црквата свети „Елена и Константин“ (типски) лепчњата ќе се прережуваат од 11:00 до 13:00 часот. На 4.12.2024 година во храмот  свето „Балговештение“ лепчињата ќе се прережуваат од веднаш по утринската богослужба, известуваат од храмот свето „Благовештение“.

Инаку, со известување за прережување на лепчињата за претстојната слава Пречиста излегоја и од црковниот храм свети „Кирил и Методиј“ (Параклис) од каде велат дека лепчињата на 3.12.2024 година ќе се прережуваат преку целиот ден, во храмот света „Петка’’ (точила) лепчињата на 3.12.2024 година ќе се прережуваат во текот на целиот ден. На 4.12.2024 година во храмовите свети „Кирил и Методиј“ (Параклис) и света „Петка’’ (точила) лепчињата ќе се прережуваат веднаш по утринската богослужба, известуваат од храмот свети „Кирил и Методиј“ (Параклис).


#Локлано

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп