Менса Македонија организира тестирање на интелигенција во Скопје

Тестирање на интелигенција во Скопје...

Менса Македонија организира тестирање за интелигенција во Скопје. Датумот и времето за тестирање се веќе познати т.е истото ќе се одржи на 3.12.2024 година од 18:30 часот. Тестирањето на интелигенција Менса Македонија ќе го спроведе на Факултетот за Електротехника и Информатички Технологии, а од Менса известуваат дека согласно кампањата на Менса за поддршка на крводарителството, бесплатно тестирање ќе имаат крводарителите.

Имено, од Менса известуваат дека тестирањето ќе биде за општата интелигенција со цел примање на нови членови. Менса во своето соопштение до медиумите вели дека кандидатите потребно е да имаат полни 16 години, да уплатат 500 денари на примач Менса Македонија на сметка со број 300-0000002113-02 во Комерцијална Банка А.Д Скопје, а цел на дознаката е тестирање. Кандидатите на самото тестирање потребно е да носат документ за лична идентификација, од претходното тестирање да се поминати најмалку 6 месеци и да не се тестирале најмалку три пати претходно. 

Пријавувањето на кандидатите за тестирањето спорведено од Менса Македонија се одвива преку линкот https://forms.gle/LWDH9XC8LGAvSiA36 каде што треба да се прикачи и доказ за извршената уплата заклучно со 2.12.2024 година. За крводарителите наместо доказ од уплата треба да се прикачи крводарителска книшка. 

Од Менса исто така известуваат дека тестирањето се врши со стандардни тестови за интелигенција на Mensa International, а резултатите од тестирањето се тајни. Доколку резулатот од тестирањето на кандидатот е 2% од светската популација, кандидатот има право да стане член на Менса Македонија, и на Mensa International.


#Македонија


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови