Концертот од проектот „Македонијо во срце те носиме“ е распродаден!

Концертот „Македонијо во срце те носиме“ распродаден...

По речиси две години активна работа, со повеќе концерти низ поголемите градови од нашата држава како и еден концерт во дијаспората, а викендов со концерт во Македонсата Филхармонија може да се опише музичката работа од проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Имено, во овој прокет се вклучени повеќе пејачи како од народната така и од забавната музичка сцена меѓу кои се Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Ламбе Алабаковски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Мина Блажев, Сузана Спасовска, Анријана Јаневска, Огнен Здравковски, Миле Кузманоски и Игор Џамбазов. Тие ги препеаа и одново ги оживеаа едни од најубавите македоски песни со патриотски мотиви како што се „Заветна“ , „Оган да го гори“ , „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ , „Земјо Македонска“ , „Земјо мила“ , „Народе македонски“ и други.

Покрај веќе добро познатите 12 песни на концертот што е викендов во Македонската Филхармонија публиката ќе има можност да слушне уште три нови преработки како што се „Како пиреј“ во изведба на Ламбе Алабаковски, „Молитва“ во изведба на Бојана Скендеровски, а додека пак третата „нова“ преработка под наслов „Има една замја што сонце ја грее’’ ќе ја изведат Сузана Спаовска и Александар Тарабунов.

Инаку, за преработките на овие 15 преработки задолжен е Николче Мицевски, а симфонискиот оркестар кој ќе музицира под диригентска палка на Сашо Татарчевски ќе ги води музичките изведувачи низ целиот концерт, а додека пак публиката низ целиот музичко-драмски перформанс ќе ја води актерот Дејан Лилиќ.

Влезници за саботниот концерт од проектот „Македонијо во срце те носиме“ што ќе се одржи во Македонската Филхармонија веќе нема затоа што влезниците се веќе распродадени. Од продукцијата „Скендеровски“ кој се’ и организатори на концертот ги информираат медиумите дека паричните средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

За потсетување концертот е оваа сабота (7.12.2024 година) со почеток од 20:00 часот во Македонската Филхармонија во Скопје.

Екипата на ИНФО-ПРИЛЕП на изведувачите и на продукцијата „Скендеровски“ им посакува успеси и уште многу одржани концерти во државава, а и ширум низ целиот балкан и свет.


#Естрада


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови