Сообраќајот наместа се одвива по влажни коловози
Од АМСМ известуваат дека...
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова-Шапка и на планинскиот премин Стража, кој во моментов не се задржува на коловозот.
Од фреквенцијата интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, а од 15.11.2024 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Од АМСМ исто така известуваат дека забрана за Тешки Товарни Возила има на патниот правец Гостивар-Кичево преку превојот Стража, а поради дефект на автобус регионалниот пат Бунец-село Леуново е затворен за сообраќај.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, а од сезонскиот режим на сообраќај Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Имено, од АМСМ излегоа со информација дека од 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година.
За да добиете повеќе информации за сосотојбата со сообраќајот тоа можете да го направите преку бесплатниот телефонски број од АМСМ (02) 15-555.
#Сервисни информации
Коментари
Постави коментар