Следнава работна недела не очекува променливо облачно и студено време

 Според податоците од УМХР времето ќе биде...

Според податоците од УХМР времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува салб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Дневниот температурен максимум се движеше од најниски -7 до највисоки 10 степени целзиусови. Притисокот изнесува 980 хектопаскали, релативната влажност на воздухот е 55 %, а додека пак средната брзина на ветрот е 1 метар во секунда.

Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден не очекува облачно и студено време со врнежи од дожд, а на некој пониски места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови од државава, каде што на планините ќе се зголеми постојаната снежна покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта ќе дува засилен севере ветер. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -5 до највисоки 7 степени целзиусови.

Прогноза за 24.12.2024 година (вторник)

Според УХМР во вторник не очекува променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи од снег, особено во северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневниот темпераурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -6 до највисоки 6 степени целзиусови.

Прогноза за 25.12.2024 година (среда)

Според УХМР во среда не очекува промнливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер. На места повремено ќе провејува снег. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -7 до највисоки 7 степени целзиусови.


Временска најава

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.Потоа следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.


#Сервисни информации

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови