Новогодишен базар во Прилеп
Базарот е три дена од 29 до 30 декември 2024 година...
Општина Прилеп и годинава по втор пат ќе организира три дневен новогодишен базар. Локацијата на базарот е на платото кај прилепската саат кула. Од Општина Прилеп велат дека ќе има убава атмосфера со добра музика, вкусна храна, грано вино, смеа, забава, подароци и моменти за спомен што засекогаш ќе се чуваат, и ќе се понудат на прилепчани во трите предновогодишни денови.
Имено, базарот годинава се одржува на 28, 29 и 30 декември од 10 до 15 часот, а на истиот ќе има музика со разни вкусови за сите генерации, гастрономски и други содржини како и многу изненадувања за сите генерации од сите возрасти.
Организацијата на настанот е во соработка со здружнието Слоу Фуд Прилеп, а членовите на здружението на прилепчани ќе им подготват различни производи кои се подготвени од вредните раце на прилепските локални производители. Базарот ќе биде придружен со забавна програма која ќе биде презентирана од страна на локалните интерпретатори.
#Локално
Коментари
Постави коментар