За новогодишната ноќ не очекува тивко време со мала до умерена локална облачност

Според Управата за Хидрометеоролошки Работи не очекува...

Според податоците од УХМР денеска имавме сончево со мала локална облачност време, а дуваше и слаб до умерен ветер кои претежно беше од северен правец. Дневниот температурен максимум се движеше во интервалот од најниски -6 до највисоки 13 степени целзиусови.

Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден, а воедно и последен ден од оваа календарска 2024 година не очекува наутро ведро и студено време со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот не очекува сончево со мала локална облачност време, а ќе дува и слаб ветер од северозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најнсики -5 до највисоки 14 степени целзиусови.

Прогноза за 1.1.2025 година (среда)

На првиот ден до новата календарска 2025 година не очекува наутро студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот не очекува сончево и тивко време со мала до умерена локална облачност. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интеравлот од најниски -6 до највисоки 13 степени целзиусови.

Прогноза за 2.1.2025 година (четврток)

Во четврток наутро не очекува студено време со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски -6 до највисоки 13 степени целзиусови. 

Прогноза за 3.1.2025 година (петок)

Во петок според УХМР не очекува променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервлот од најниски -5 до највисоки 12 степени целзиусови.

Временска најава

До петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По оделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. На првиот ден од првиот викенд во новата 2025 година не очекуваат локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег.


Извор на информации: УХМР

#Сервисни информации


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови