Teшка авионска несреќа во Јужна Кореја, двајца преживеани
Во Јужна Кореја се урна БОИНГ 737, во несреќата има двајца преживеани...
Денеска во Јужна Кореја се случи стравотна авионска несрќа во која се урна Боинг 737-800 на компанијата „Џеџу Ер“ кој пристигнувал од Бангкок при слетувањето на аредодромот во Маун, авионот се излизгал на пистата при што истиот удрил во бетонска ограда и се запалил. На видео материјалите се гледа дека пилотот не успеал да ја постави опремата за слетувањето. Во авионот имало вкупно 181 патник како и членови на екипажот, а од нив само двајца се пронајдени за преживеани еден маж и една жена, кој биле државјани на Тајланд.
Шефот на против пожарната станица во Муан, Ли Џеонг-Хјеон претпоставува дека несреќата се случила како последица на влетување јато птици во авионот или поради лошите временски услови во Јужна Кореја. Џеонг-Хјеон вели дека точната причиа за падот на авионот ќе биде утврдена по форнзичките испитувања и истраги.
Авионот Боинг 737-800 бил произведен во 2009 година, а копманијата „Џеџу Ер“ која го произведила истиот е основана во 2005 година. „Џеџу Ер“ е ниско буџетна авионска компанија која има меѓународни летови до Тајлнд, Јапонија и Филипините, но има и летови до неколку од домашните дестинации.
Директорот на „Џеџу Ер“, Ким Бае упати извинување и сочувство до сите кој ги загубија животите во несреќата, но и до нивните семејства. Бае вели дека во мометов е тешко да се претпостават причините за авионската несреќа, но и дека е потребно да се почекаат резултатите од истрагата на надлежните органи.
Денешната трагедија се смета за една од најтешките несреќи во авионскиот сообраќај што се случиле при слетување. Во 2007 година во месец јуни во авионска несреќа во Сан Паоло загинаа 187 патници како и членови на екипажот, откако авионот „Аирбас А320“ се излизга од пистата при што удри во станбена зграда.
Во Јужна Кореја прогласена е шест дневна жалост поради денешната авионска несреќа.
#Свет
Коментари
Постави коментар