Постевна кутија за донации во центарот на Прилеп и отворен телефонски број за донации преку операторот А1

Донациска кутија во центарот за Прилеп и донациски телефонски број од А1...

Унијата на млади сили од ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Прилеп во 12:30 часот постави кутија за донации во која ќе се собираат парични средства за лекувањето на нашиот млад 26-годишен сограѓанин Виктор Николоски.

Христијан Тунески од младите сили на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Виктор треба итно да се лекува во Турција бидејќи, како што вели Тунески на Виктор му бил дијагностициран тумор на мозокот и дека операцијата навистина била многу итна.

Денес овде во центарот на Прилеп унијата на малди сили од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, постави една кутија за донации каде што ќе се собираат парични средства за нашиот сограѓанин и пријател, Виктор Николоски. Виктор треба итно да се лекува во Турција бидејќи, му е дијагностициран тумор на мозокот, а операцијата навистина е многу итна и треба да се собере голема сума на пари во овие два дена.“-вели Тунески.

Тунески истакна благодарност до сите прилепчани и македонски граѓани кои донирале и додава дека се собрала една голема сума на пари.

„Сакам да истакнам благодарност до сите прилепчани и до сите граѓани на Македонија кои донираа и навистина се собра една голема цифра на пари, но сепак не треба тука да застанеме зашто знаеме дека потоа следува процес на рехабилитација и лекување, а и се останато со цел Виктор да може да го помине животот нормално заедно со своето четири месечно бебе и својата сопруга. “-додава Тунески.

Од младите сили на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп апелираат до сите граѓани да се приклучат на низата настани кои овој период ќе бидат организирани низ Прилеп, посебно викендов каде што истите ќе можат на секаков начин да направат донации за лекувањето на Виктор во Турција.

Инаку, за лекувањето и операцијата на Виктор Николоски во Турција отворен е и телефонски број за донации од операторот  А1 143-467 каде ќе може со еден телефонски повик да се донира сума од 100 денари.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови