АМСМ: Намалена видливост до 100 метри кај Крива Паланка, Страцин, Штип, Македонски Брод, Ресен и Плетвар
Од АМСМ известуваат дека...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100м. има во К.Паланка, Страцин, Штип, Ресен, М.Брод и Плетвар.
Од АМСМ известуваат дека од 11:55 часот патниот правец Кочани – Виница кај хотел „Филипо“ е нормализиран.
Од фреквенцијата на сообраќај- интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Имено, од АМСМ известуваат дека од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Во информациите за сезонски режим на сообраќај кој ги даваат од АМСМ се вели дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Од АМСМ известуваат дека мостот на реката Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Информации од АМСМ за работа на пат:
Синтек инженеринг ДООЕЛ известува дека на автопатот Демир Капија – Смоквица во период од 23.12.2024 до 23.01.2025 ќе се одвива реконструкција на левата тунелска цевка од Тунел Т1. Во тој период левата тунелска цевка ќе биде целосно затворена за сообраќај додека сообраќајкот ќе биде пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообрќајот.
“Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.
На 08.10.2024 година поради изградба на патен коридор 10Д, делница Прилеп-Битола, извршено е пренасочување за секаков вид на сообраќај и тоа од клучка Тополчани по Р1101 до депонија Алинци. Временскиот режим ќе трае во временски период од една година.
СТРАБАГ АГ Подружница СТРАБАГ Скопје известува за времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба на делница Градско – клучка Дреново. Сообраќајот ќе се одвива под времен режим со соодветно поставена сообраќајна сигнализација.
Синтек инженеринг ДООЕЛ известува дека реконструкцијата на тунелски цевки на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица , фаза 1 е завршена и сообраќајот се пушта во траен режим на сообраќај од 10.12.2024 година.
За повеќе информациите јавете се на бесплатниот телефонски број од АМСМ 02/15-555, а за помош на пат јавете се на 196.
Дежурната екипа на ИНФО-ПРИЛЕП ви посакува среќно патување и ве предупредува на внимателно возење.
Извор на информации: АМСМ
#Сервисни информации
Коментари
Постави коментар