130 учесници ќе скокаат по светиот крст за Водици во Прилеп
Положувањето на светиот крст во Прилеп ќе се одржи во базенот од хотелот „Салида“...
Од Општина Прилеп информираат дека в недела за празникот Богојавление или познат како Водици по светиот крст ќе скокаат 130 учесници. Положувањето на светиот крст годинава ќе се одржи во водите од базенот од хотелот „Салида“.
Од Општина Прилеп во соопштението додаваат дека сите пријавени учесници во базенот од хотел „Салида“ да бидат пристигнати во 11:00 часот и со себе да носат документ за лична идентификација.
Имено, во соработка со прилепското архиерејско намесништво освен во Прилеп, чинот на положување на светиот крст ќе се одржи во уште 19 населени места на територијата на Општина Прилеп.
Инаку, исто така во Прилеп положување на свет крст ќе има во водите од малиот базен во цркавата „Свето Благовештение“(стара црква) каде во водите ќе влезат 22 деца со желба да го фатат светиот крст. Во недела наутро со почеток од 7 часот во стара црква ќе има Света Архиерејска Василева литургија, а исто така в недела наутро во Прилеп ќе се случи и традиционалното пуштање на гулабите, која е една убава традиција во Прилеп, и оостојува со векови. Гулабите го претставуваат светиот дух кој според Светото Писмо-Библијата слетал во вид на гулаб на реката Јордан кога Исус Христос бил покрстен.
#Локално
Коментари
Постави коментар