Русија и Украина на 20 април ќе потпишат мировен договор
Русија и Украина на 20 април ќе потпишат мировен договор...
Русија и Украина на 20 април ќе потпишат мировен договор и со тоа ќе прогаласт прекин на огнот. По потпишувањето на мировниот договор Украина треба да ги повлече трупите од рускиот регион Курск, а кон крајот на месец април треба да одржи мировна конференција за официјализирање на договорот меѓу Русија и Украина со посредство на Соединетите Американски Држави, Кина, Европските земји како и земјите од Глобалниот југ.
Имено, како што пренесува националната ТВ 24 после тоа Русија и Украина ќе разменуваат затвореници по принципот „сите за сите“, а всушнот ова е сликата од планот кои е подготвен од тимот на америкаснкиот претседател Доналд Трамп, кој за 100 дена најави крај на војната меѓу Русија и Укарина.
Според ТВ 24 додека траат преговорите и непријателствата Трамп нема да го попречи испраќаето воена помош од САД за Украина, а мировната конференција за прекин на војната треба да биде готова до 9 мај годинава, а барањата за Украина се да не ја продолжува воената состојба во земјата и да не извршува мобилизација по тој датум.
Укарина потем ќе треба да се откаже од членството во НАТО, а за возврат на тоа таа ќе стане членка на Европската Унија до 2030 година. Во тоа време Европската Унија ќе преземе одговорност за нејзина реконструкција, а Украјна нема да ја намали бројноста и обемноста на својата армија, и САД ќе продолажат со поддршката за модернизација на украинските вооружени сили.
Важна точка во мировниот договор е одредбата според која на изборите дозволено ќе им биде учество на украинските политички партии кои се залагаат за одбраната на рускиот јазик и за мировен соживот во Русија. Против Украинската праволсвна црква и рускиот јазик, треба да се прекинат сите дејствија.
The Weel Street Journal на 22 јануари годинава објави дека Трамп на својот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, му наредил да ја заврши војната на Русија и Украина за 100 дена, но склучувањето на договорот со рускиот претседател Владимир Путин, ќе биде многу потешко отколку што изгледаа предизборните ветувања на Трамп, е заклучокот на Вол Стрит Џурнал.
Информациите се добиени од веб-порталот на националната македонска кабелска телевизија ТВ 24
#Свет
Коментари
Постави коментар