Првото бебе за 2025 година во Прилеп е женско и се вика Стефани

Стефани е родена со царски рез во 05:47 часот...

Кога првото бебе родено во новата година е женско се вели дека годината ќе биде плодна и бериќетна. Во Прилеп 2025 година ќе биде бериќетна и плодна. Во 05:47 часот наутро од оваа нова 2025 година во одделнеито за гинекологија и акушерство во општата болница со проширена дејност „Борка Талески“-Прилеп се роди здраво женско дете кое се вика Стефани. Стефани е првата рожба на младата мајка Ангела Јанеска.

Мајката Јанеска за медиумите вели дека чувството за мајчинство е прекрасно, и дека таа сеуште била млада и збунета.

„Чувството за мајчинство е прекрасно. Јас сеуште сум млада и збунета, но ќе се навикнам. Пораката до сите мајки е да бидат среќни, затоа што ова е незаменливо чувство кое е најубаво на светот“-вели мајката Јанеска.

Гинекологот Гоце Оропан вели дека бебето во Прилеп е родено со царски рез и дека е со тежина од 3.310 грама, но дека е со добар АБГАР-скор.

„Првото бебе во новата 2025 година се роди во 05:47 часот, со царски рез. Се роди живо и здраво женско дете со тежина од 3.310 грама, кое е со добар АБГАР-скор. Бебето и мајката се во добра здравствена и општа состојба“-вели докторот Оропан.

Традиционално како и изминативе така и оваа првото родено бебе во Прилеп го посети и прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој на мајката и бебето им подари пригодни подароци, а за медиумите рече дека локалната самоуправа заедно со општинскиот совет на мајката и доделиле штедна книшка и прикладен подарок за нормален почеток во одгледувањето на малата Стефани.

„Прилепската Локална Самоуправа, заедно со советот на мајката и доделивме штедна книшка и прикладен подарок за еден нормален почеток во одгледувањето и растењето на малата Стефани“-вели градоначалникот Јовчески.

Од прилепската болница велат дека бројот на породувања во прилепската болница во 2024 година бил во пораст со вкупно 455 раѓања, а од таму додаваат дека тоа е добар знак и очекуваат бројот на породувања и во иднина да расте.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп