Над 220 верници ќе скокаат по свтиот крст во Скопје

Положувањето на светиот крст е во реката Вардар. Положувањето годинава ќе се случи на мостот „Слобода“...

По повод празникот Богојавление-Водици утре во Скопје по светиот крст во водите на Вардар ќе скокнат 220 верници со желба за негово фаќање. Манифестацијата традиционално ја организира правослвната скопска епархија при МПЦ-ОА.

Имено, најпрво во 9 часот наутро ќе има света литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, а со неа ќе чиноначалствува владиката Јосиф, кој  потоа заедно со свешенството ќе се упатат кон мостот „Слобода“ на реката Вардар од каде владиката Јосиф ќе го положи светиот крст во водите на реката Вардар.

Инаку, на денот кога се одбележуваат Водици според христијанските верувања се вели дека тоа е денот кога Свети Јован го крстил Исус Христос во реката Јордан.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Новогодишен базар во Прилеп од 24 до 31 декември

Ново во Прилеп: Fast Food Bla Bla – вкус кој ќе се памети!