Пртивор за 23-годишник од Желино кој извршил полови дејствија врз малолетник
23-годишникот се сомничи за полови дејствија врз малолетник...
На 2.1.2025 година 23-годишник од Желино, запрел и насила одвелкол 11-годишно дете во објекет во изградба во близина на неговиот дом во Желино, при што пред него започнал да врши полови дејствија. Во тој момент детето повикувало за помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, се додека повиците за помош не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил на насилникот при што тој се дал во бегство.
За кратко време 23-годишникот бил пронајден и одведен во полициска станица при што јавен обвинител од Основното Јавно Обвинителство од Тетово донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 23-годишникот, бидејќи постои сомнение дека извршил и други полови дејствија врз дете кое немало ниту 15 години. 23-годишникот се сомничи за сторено кривично дело казниво по член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот Законик.
Имено, јавниот обвинител за 23-годишникот определи мерка притвор во траење од 30 дена.
#Македонија

Коментари
Постави коментар