300 дечиња со учество на бадниковата поворка во Прилеп
Поворката се одржа во централното градско подрачје...
По повод празникот Бадник, ден пред еден од најголемите и
најзначајни христијански празници Божиќ како низ сите градови така и во Прилеп
се одржа традиционалната детска бадникова поворка.
Катерина Левковска која е координатор на настанот во
Прилеп вели дека годинава на поворката во Прилеп учесвувале 300 дечиња и според
Левковска се очекува бројката на дечиња кои се запишуваат и учествуваат на
поворките од година во година да се зголемува и да биде помасовно.
„Вечниот бог“ ,
„Тропар на Рождеството Хрисово“ и
„Кондак на Рождетвото Христово“ се песните кои ќе се пејат за време на
поворката во Прилеп. На самата поворка додека дечињата дефилираат низ градот ќе
се пее само „Вечниот Бог“. Поворката тргнува од Камена Бина, продолжува кон
параклисот на Свети Никола, пред пицеријата „Леоне’’ се поминува на пешачкиот премин
и се продолжува со движење кон старата прилепска чаршија, продажното место на
„Сетек“ пред НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп и се’ завршува пред Камената Бина,
каде ќе има делење на пакетчиња за децата кој вредно и напорно работеа на
изучување на песните“-вели Левковска.
Левковска додава дека целта на Бадниковите поворки е да
се доближи и возобнови традицијата која
се случувала пред повеќе години.
„Целта на
Бадниковите Поворки е да ја доближиме традицијата која се случувала пред повеќе
години, а сега се возобновува по 15. пат каде се пејат православни христијански
песни кои се поврзани со нашата православна христијанска вера“-додава
Левковска.
На Бадниковите Поворки во Прилеп обраќање имаше и
градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески, кој изрази благодарност до
здружението „Бадникови Поворки“, до сите орагнизатори и учесници кој со својата
енергија и искреност бедниковиот ден во Прилеп го направиле со многу убава
празнична атмосфера.
„Сакам да изразам
голема благодарност до здружението „Бадникови поворки“ , сите организатори и
учесници кој со својата искреност и енергија ја разубавија оваа празнична
атмосвера. Вашата посветеност и труд се доказ дека сите заедно можеме да ги
чуваме традициите и да ги славиме вистинските вредности кои не обединуваат како
народ“-вели Јовчески.
Јовчески во орбараќањето додава и дека Општина Прилеп
останува посветена на поддршката на ваквите настани и вели дека празничната
радост треба да допре до секое срце, и да донесе мир, топлина и љубов во домовите.
„Општина Прилеп
останува посветена на поддршката на ваквите настани, кој не само што ја
одржуваат нашата култура, туку и не’ потсетуваат на важноста на заедништвото,
љубовта и верата во нашите животи. Нека оваа празнична радост допре до секое
срце и нека донесе мир, топлина и среќа во домовите“-додава Јовчески.
Инаку, годинава бадниковте поворки се одржаа по 15.пат и
беа под мотото „Пренеси ја божиќната радост до секое срце“. Бадникови поворки
имаше во речиси сите градови од Македонија, а централната бадникова поворка и
прослава се случи точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде што
настапија и многу познати музички имиња кои се погрижија за убавото бадниково
расположение за присутните.
#Локално
Коментари
Постави коментар