AMСМ: Забрана за тешки товарни возила има на повеќе патни правци
Од АМСМ известуваат дека...
Поради врнежите од снег кои ја зафатија Македонија изминатава ноќ како и преку денешниот ден од АМСМ известуваат дека забрана за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар, Ѓавато, Струга-граничен премин Кафасан, Македонски Брод-Прилеп (преку планинскиот превој Барбарос), Делчево-граничен премин Делчево и Тетово-Попова Шапка (на овој патен правец за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема за возила). Од АМСМ исто така известуваат дека од 14:30 часот укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Деве Баир-Крива Паланка.
Од АМСМ известуваат дека состојбата на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози на кои има остатоци од кашест снег по интервенцијата од страна на екипите од Јавното Претпријатије „Македонија пат“.
Од фреквенцијата интензитетот на сообраќај на патните правци се одвива непречено по претежно влажни коловози и зимски услови и истиот е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата кои водат низ речните долини и клисируите каде има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Маврово-Дебар-Струга, Катланово-Велес, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Во сезонскиот режим на сообраќај се вели дека патниот правец Охрид-Ресен преку националниот парк Галичица е затворен за сите видови на возила. Оваа мерка е започната од 15.11.2024 година.
Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година започната е законската овбрска за редовно носење на зимска опрема во возилата, без разлика на моменталната временска состојба. Обврската за задолжителна зимска опрема трае до 15.3.2025 година.
Имено, АМСМ известува дека целосно за сообраќај е затворен регионалниот пат Р1312 на мостот на реката Вардар, кај селото Башино.
Работи на пат:
Синтек инженеринг ДООЕЛ известува дека на автопатот Демир Капија – Смоквица во период од 23.12.2024 до 23.01.2025 ќе се одвива реконструкција на левата тунелска цевка од Тунел Т1. Во тој период левата тунелска цевка ќе биде целосно затворена за сообраќај додека сообраќајкот ќе биде пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообрќајот.
“Доо Стентон Градба – Битола” известува дека согласно Одобрение за времена измена на режим на сообраќај, на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп ќе врши санација на ударни дупки од 19.12.2024 г. до завршување на градежните работи.
#Сервисни информации
Коментари
Постави коментар