Тошковски: Имавме мирна и безбедна новогодишна ноќ
Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи денеска беше на отворањето на новиот македонскиски ски центар „Михајлово“ кои е близу Куманово...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше на отворањето на новиот ски центар „Михајлово“ во близина на Куманово. Тошковски на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев му честиташе за макотрпната работа и за тоа што го направил овој ски центар во кој не само кавадарчани туку и сите граѓани ќе можат да уживаат во овој ски центар.
Инаку, на новинарско прашање за тоа како поминала новогодишната ноќ рече дека новогодишната ноќ на целата територија на Македонија поманала мирно и без инциденти.
„Што се однесува за изминатава вечер, на територија на целата држава новогодишната ноќ помина главно мирно. Безбедносната состојба на територија на целата држава за време на новогодишната ноќ беше стабилна. Уште еднаш сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои беа на должност изминатава ноќ.“-вели Тошковски.
Тошковски додава и дека присуството на терен било засилено и биле преземени коордиативни мерки за одржувањето на безбедносната состојба.
„Присуството на терен беше засилено и беа преземени координирани и насочени мерки за одржување на поволна безбедносна состојба. Во периодот од 14.00 часот вчера до 05.00 часот денеска изутрина регистрирани се 29 кривични дела, како и 28 сообраќајни незгоди од кои 3 со тешки телесни повреди. Приведени се вкупно 33 лица по разни основи, а најмногу во врска со нелегална трговија со дрога 14 лица. Им благодарам на сите граѓани кој што празнуваа, прославуваа одговорно така како што апелиравме и кои што придонесоа сите заедно да направиме новогодишната ноќ да помине мирно“-додава Тошковски.
#Македонија
Коментари
Постави коментар