Со настанот „На Василица во Прилеп“ прилепчани ќе ја прослават Василица

Настанот се одржува трет пат по ред...

По повод православната нова година-Василица во Прилеп по трет пат ќе се одржи настанот под мотото „На Василица во Прилеп“. Настанот како и изминативе години така и оваа ќе се одржи на платото под прилепската градска саат кула и истиот е со почеток во 12 часот напладне.

Од Општина Прилеп кои се организатори на настанот велат дека за секој посетител ќе има парче бурек, а во едно од парчињата ќе има и паричка. За среќниот пронаоѓач на паричката ќе има пригоден подарок од организаторите.

Имено, од Општината додаваат дека со задоволство ги покануваат прилепчани на традиционалниот настан „На Василица во Прилеп“ .

„Со големо задоволство ве покануваме на традиционалниот настан „На Василица во Прилеп“, кој ќе се одржи на 14 јануари 2025 година, со почеток во 12:00 часот на Платото кај Градскиот саат. Дојдете заедно да го одбележиме доаѓањето на Новата Година според јулијанскиот календар. За секој посетител ќе има парче бурек, а една среќна паричка ќе го најде својот сопственик“-велат од Општина Прилеп.

 

#Локално


Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми