По четврти пат во Прилеп настанот „На Василица во Прилеп“
Пронаоѓачот на василичарската паричка е сеуште непознат...
По повод празникот Свети Василиј Велики или познат како
Василица по четврти пат во Прилеп се одржа настанот „На Василица во Прилеп“.
Настанот се одржа денеска напладне, а неговата локација беше под прилепската
саат кула. На настанот Општина Прилеп во соработка со неколку општествено
одговорни пекарници за присутните поделија 500 парчиња бурек, а во едно од парчињата
се наоѓаше и паричката, а покрај бурекот за присутните се делеше греано вино и
топол чај. До подготовка на овој прилог пронаоѓачот на паричката е непознат
бидејќи, истиот не е пријавен кај организаторот кои за среќниот пронаоѓач има
подготвено пригоден подарок.
Претседателката на советот на Општина Прилеп, Ирена
Стерјовска-Ловквенец на денешниот настан во Прилеп ја пренесе пораката за љубов
и се надева дека Василица ќе се празнува во мир. На среќниот пронаоѓач му
посака мир во семејството, а на општината и посака просперитетна година.
„Како
претседателката на општинскиот совет сакам до нашите сограѓани да ја пренесам
пораката да доминира љубовта и доброто бидејќи, тоа го победува злото, и се
надевам дека овој ден ќе го празнуваме во мир. На среќниот добитник ќе му
честитаме и ќе му посакаме мир во семејството, а на Општина Прилеп и посакувам
просперитетна година“-вели Стерјовска-Локвенец.
Анкетираните граѓани веруваат дека паричката носи среќа,
а исто така тие посакаа пред се’ здравје, а потоа и мир.
„Традицијата е многу убава. Секогаш се дружиме на овој убав празник, и верувам во среќната василичарска паричка“-вели еден посетител.
„Паричката мене
ќе ми донесе радост, среќа, мир“-вели помал посетител на настанот.
Оргнизатор на настанот е Општина Прилеп,а според традицијата во Прилеп семејството на
овој ден се собира на трпеза за ручек и се врти бурек со паричка. Верувањето за
овој празник кај прилепчани е дека оној што ќе ја пронајде паричката целата
година ќе го прати среќа, здравје и успех.
#Локално



Коментари
Постави коментар