Мицкоски: Раѓањето на спасителот на светот е симбол љубовта, милосрдието и жртва за доброто на народот
Премиерот Христијан Мицкоски излезе со честитка за Божиќ...
Македонскиот премиер и претседател на Македонската Влада Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи излезе со честитка по повод рождеството христово Божиќ.
Мицкоски во честитката вели дека раѓањето на спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртва за доброто на народот.
„Во мое лично име и во име на Владата, упатувам најискрени честитки по повод големиот христијански празник Божиќ. Раѓањето на Спасителот на светот е симбол на љубовта, милосрдието и жртвата за доброто на човештвото. Овој свет ден нè потсетува на вистинските вредности – вербата, надежта и љубовта, кои треба да нè водат во секојдневниот живот. Божиќ нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг и да ја споделуваме радоста со сите околу нас. Во време кога предизвиците се бројни, оваа празнична атмосфера нè поттикнува на размислување за заедништвото и единството, како најсилен темел за изградба на подобра иднина. Нека Божиќ биде потсетник дека со вера, труд и меѓусебно разбирање можеме да создаваме општество исполнето со мир, правда и напредок.“-вели Мицкоски во честитката.
Мицкоски во честитката за Божиќ додава и дека Божиќ треба да помине во духовен мир како и со радост во срцата, но и во кругот на семејството и најблиските.
„Нека Божиќ ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани, негувајќи ја традицијата и духовноста како темели на нашето општество.Посакувам да го поминеме овој празник во духовен мир, со радост во срцата, во кругот на семејството и најблиските.Нека Божјата милост нé води низ животот, носејќи благосостојба, здравје и успех во секој наш чекор. Христос се роди!“-додава Мицкоски во честитка.
#Празнични честитки
Коментари
Постави коментар