За Василица времето ќе биде облачно и студено и ќе провејува снег

 Според податоците од УХМР...

Според податоците од УХМР денес имаме претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места со повремен снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе бидат пообилни и почнувајќи од север постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Дневиот температурен максимум е во интервалот од најниски -3 до највисоки 10 степени целзиусови.

Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден ќе биде облачно и студено насекаде со врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни со над 40 л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми со над 50 см. Позначителна снежна покривка со над 20см  ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -6 до највисоки 4 степени целзиусови.

Временска прогноза за 13.1.2025 година (понеделник)
Според податоците од УХМР во понеделник не очекува о
блачно и студено со повремени врнежи од снег време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -6 до највисоки 2 степени целзиусови.

Временска прогноза за 14.1.2025 година (вторник)

Според податоците од УХМР во вторник ќе имаме променливо облачно и студено време со провејување на снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -8 до највисоки 3 степени целзиусови.

Временска прогноза за 15.1.2025 година (среда)

Според податоците од УХМР во среда не очекува променливо облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -10 до највисоки 5 степени целзиусови.

Временска најава

Утре насекаде ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни со над 40л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми со над 50см. Позначителна снежна покривка со над 20см ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси. Повремени врнежи од снег ќе има и во понеделник, а потоа во следните денови ќе преовладува студено време со услови за провејување на слаб снег.

Метео предупредување

Утре насекаде ќе има врнежи од снег, а на места, особено во западните делови ќе бидат обилни, локално над 40л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините значително да се зголеми локално со над 50см. Позначителна снежна покривка со над 20см ќе се формира и во југозападните делови. Поради ниските температури и засилениот северен ветер ќе има појава на голомразица и снежни наноси.


Извор на информации: УХМР

#Сервисни информации


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен