Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен сообраќаен режим во Скопје утре, за Водици...

По повод утрешниот верски празник Богојавление-Водици, утре (19.1), единицата за безбедност во сообраќајот ќе воведе посебен сообраќаен режим за сообраќајници во централното градско подрачје од градот Скопје. Посебен режим на сообраќај според информациите од СВР Скопје ќе има и во општините Кисела Вода, Аеродром и Ѓорче Петров.

Со утрешниот посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ и тоа на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницита со улицата „11 Октомври“  и тоа во двете насоки.

Во скопска Кисела Вода со утрешниот сообраќаен режим за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14 Декември“ и дел од улицата „Христо Татарчев“ до спортската сала „Расадник“ 

Во Општина Ѓорче Петров во текот на утрешниот ден за сообраќај ќе биддат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ , булеварот „Партизански Одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“. Потоа за сообраќај затворени ќе бидат улиците „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и од сообраќајницата кај црквата „Свети Пантелејмон“ улицата „Козле“, а затворена за сообраќај ќе биде и дел од улицата „Васил Чакаларов“ до железничкиот мост на Вардар.


#Сервисни информации


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови