Во Скопје лишени од слобода две лица

Од МВР известуваат дека...

Од Министерството за Внатрешни Работи известуваат дека на 14.1.2025 во 05.10 часот на ул. „Алија Авдовиќ“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при Секторот за Внатрешни Работи Скопје го лишиле од слобода лицето со иницијали Н.С.(48) од Скопје, кој бил баран со централна потерница. Потерницата била издадена од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и два месеци за сторено кривично дело во врска со член 396 од Кривичниот Законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

На 14.01.2025 во 07.35 часот на ул.134 во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при Сектор за Внатрешни Работи Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ. (46) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба на Oсновното Jавно Oбвинителство Скопје, во врска со член 215 од Кривичниот Законик. Лицето ќе биде предадено на Оснoвното Јавно Обвинителство Скопје, информираат од Министерството за Внатрешни Работи.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

Времениот режим на сообраќај на патот кој ќе се гради од Прилеп до Битола договорен