Во Тетово се фатени бегалци од затвор

Од Министерството за Внатрешни Работи известуваат дека...

На 2.1.2025 година околу 02:00 часот по полноќ полициски службеници од отсекот за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка од СВР Тетово во Тетово биле пронајдени и лишени од слобода лицата со иницијални Е.З (24) и А.О (24) двете од скопското село Грчец. Лицата биле барани со потерница по наредба на Основниот суд Скопје 1 поради бегство од Казнено Поправната Установа Затвор Скопје.

Имено, Е.З е осуден на казна затвор од три години поради сторено кривично дело по членот 215 ставот 3 во врска со ставот 1 од Кривичниот Законик, а додека пак О.А е осуден на казна затвор од три години поради сторено кривично дело по членот 215 и ставот 1 од Кривичниот Законик. Од МВР известуваат дека двете лица ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.


#Македонија 

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Новогодишен базар во Прилеп од 24 до 31 декември

Ново во Прилеп: Fast Food Bla Bla – вкус кој ќе се памети!