Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај за повредениот ученик

Обвинителството продолжува со анализа на доказите за тоа како дошло до несреќата...

Прилепското обвинителство го доби полицискиот извештај, а истиот е поврзан со несреќата каде што беше повреден шестооделенец во ООУ„Гоце Делчев“-Прилеп. Ученикот беше повреден по пад од прозорец, при што се здоби со тешки телесни повреди и истиот е пратен на болничко лекување во Скопје.

Полицискиот извештај за несерќата содржи искази од здравствени лица, искази од вработени во училиштето, а содржи и видео снимки од моментот на несреќата. 

Од обвинителството известуваат дека ќе продолжат со анализата на доказите, а тоа е со цел да се утврди точната причина за несреќата. 

Инцидентот се случи во понеделникот, при што ученикот се здобил со тешки телесни повреди констаирани од страна на медицинска екипа.


#Локално

Коментари

Популарни постови са овог блога

Видевска: Задоволна сум од уписот на ученици во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп

Од „Пушти коси“ до „ И тебе сам сит кафано“ синоќа на Пиво фестивалот во Прилеп

Прилеп со 8 милиони евра ќе инвеститра нови развојни програми