Дисциплинска постапка за смртта на новороденчињата
Наодите од вонредниот инспекциски надзор на ДЗСИ се веќе понзати...
Наодите од вонредниот инспекциски надзор на ДЗСИ кои беше направен врз прилепската болница се веќе познати, а инспекторатот ќе ја утврдува дисилпинската постапка кај здравствените работинци од ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“-Прилеп, кои биле учесници во самото лекување како и во исписот на новороденчињата, близначиња од селото Славеј, кои починаа на 16 јануари годинава како последица на премрзнување. Едното од близначињата починало во домот, а другото покрај реанимацијата и затоплувањето починало во болница.
Според информациите кои ги добивме инспркторатот ќе издава наредби за известување на на МЦСР, кога интересите на пацинетот или родител на пациентот се спротивставени. За ова се вели и дека ќе има соодветен поднесок.
Фатмир Лимани, министерот за труд и социјална политика за медиумите вели дека центрите за социјалните работи во општините ќе имаат превентива за ваквите случаи, а од прилепската болница известуваат дека ќе формираат внатрешна комисија која ќе го испитува случајот.
#Локално
Коментари
Постави коментар