Во Кочанско се извлекува постаро лице заглавено од снежни наноси
Од ЦУК известија дека лицето е од кочанското село Полаки кое е планинско село од отворен тип...
Регионалниот Центар за Упарвување со Кризи (РЦУК) од Кочани информира дека во тек е извлекување на заглавено постаро лице. Лицето било заглавено од снежните наноси.
Од РЦУК исто така известија дека постапиле по пријава за помош на лице во селото Полаки, тоа е планинско село од отворен тип и се наоѓа во маалото Бабиште, при што контактирани се Општина Кочани, Црвениот крст од Кочани, а исто така контактирани се ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани.
Имено, командирот на ТППЕ Кочани според информациите стапил во контакт со братот на лицето кое се наоѓало во кочанско Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Лицето според информациите ја одбило понудената помош и побарало да се почека до утре.
Инаку, исто така како што велат од РЦУК до нив пристигнало барање да им се исчисти прво патот бидејќи, концесионерот ги одржува само патиштата кои се асфалтирани, но не и споредните патишта кои не се асфалтирани, за потоа од ЦУК да проценат дали има потреба да интервенира ТППЕ за евакуација. Од РУЦК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани,известуваат од ЦУК.
#Македонија
Коментари
Постави коментар