Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска го посети Крушево по повод 44 роденден на Тоше Проески...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, го посети Крушево, а во Крушево денеска под слоганот „Ангел си ти“ се одбележува 44 роденден на една од најголемите и најдобри музички ѕвезди Тоше Проески. Проески со совојата хуманост, љубов, добрина, ведар дух и хуманост ги освои срцата на луѓето ширум балканот.

Министерот Љутков за медиумите вели дека го посетил семејството на Тоше, положил свежо цевќе на неговото вечно почивалиште, ја посетил спомен куќата подигната во негова чест, а според него духот на Тоше ќе продолжи да живее низ неговите песни, љубовта, спомените и хуманите дела.

„Денес на 25 јануари се сеќаваме на Тоше Проески, кои иако физички не е помеѓу нас, неговиот дух продолжува да живее низ песните, љубовта како и спомените кој ги остави за себе. Затоа во чест и слава на Тоше, токму во овој ден сум присутен овде во неговото родно Крушево. Јас го посетив неговото семејство, а исто така положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, и ја посетив спомен куќата која е подигната во негова чест“-вели Љутков.

Имено, Љутков додава и дека  нашата држава секогаш ќе ја негува и чува почитта кон една од најголемите македонски поп-музички имиња Тоше Преоски.

„Нашата држава секогаш ќе ја негува почитта кон Тоше, што се потврдува и со фактот дека македонската Влада, од буџетот издвои средства за поддршка на иницијативата на Македонкста Радио Телевизија да снима игран филм, документарен филм и ТВ серија во неколку продолженија за животот и делото на Тоше“-додава Љутков.

Според Љутков споменот на Тоше и неговите дела сеуште ги инспирираат новите генерации, а преку неговите песни тој секогаш ќе живее во нашите срца преку неговите песни.

Инаку, за потсетување Тоше е роден на 25 јануари 1981 година, а животот го загуби во стравична сообраќајна несреќа што се случи на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка во Република Хрватска.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови