Започа реконструкцијата на водоводната мрежа во населбата Карабдалица во Прилеп

Во прилепска Карабдалица започна реконструкцијата на водовната мрежа...

Од Општина Прилеп утринава ги информираа медиумите дека започната е реконструкцијата на водоводната мрежа во прилпската населба Карабдалица. Оваа реализација е еден од капиталните проекти со кои општината аплицирала на јавниот повик од Владата.

Со оваа реконструкција ќе се заменат 1.240 метри водоводна мрежа, ќе се постават 124 прикличоци, ќе се израдат 7 хидранти за поголема пристапност и за подобрен проток на водата, профилите на цевките од DN 50 ќе се зголемат на  DN 90.

Од Општина Прилеп велат дека со ивестицијата значително ќе се подобри водоснабдувањето во оваа прилепска населба, а со тоа квалитетот и сигурноста на водата ќе се зголеми. Од прилепската општина исто така упатија благодарност до Владата на Македонија и до претседателот на Владата и македонски премиер Христијан Мицкоски, за поддршка која што ја добиле, а велат и дека зедно ќе продолжат со проекти кои носат подобар живот за прилепчани.


#Локално



Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови