Министерката за образование Јаневска најави нов модел на матура со која учениците од средните стручни училишта ќе полагаат средно стручна државна матура соодветно на она што го учеле

Нов модел на државна матура најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска...

Државната матура годинава ќе се полага по нов модел, а тестирањата за средните сртучни училишта и за гимназиите ќе бидат посебни. Како што вели министерката за образование и наука Весна Јаневска со новиот модел на матура ќе им се олесни на учениците при полагањето на матурата бидејќи, ќе бидат оценувани по програми кои ги учат.

„Предвиден е нов модел на државна матура со кој средните стручни училишта ќе полагаат средно стручна државна матура, соодветно на тоа што го учеле. Гимназиите ќе полагаат гимназиска државна матура. На овој начин и едните и другите ќе можат да се запишат во странство. Оние што ќе полагаат средна стручна државна матура ќе можат без приемен испит да се запишат на нивните соодветни факултети“-вели Јаневска.

Имено, Јаневска во изјавата за медиумите не кажа кога ќе почнат новините во образованието, но кажа дека проблемот со превозот за студентите е решен и дека во текот на денешниот ден на сметката на ЈСП ќе бидат уплатени 120 милиони денари, а исто така Јаневска вели дека се разговара да се зголеми опфатот на студентите кои земаат студентски оброк како и можноста за негово зголемување од 140 на 160 денари. Како што вели Јанвевска студентските домови кои се реновираат ќе бидат готови до крајот на наредната година, а потоа ќе се реновираат и останатите студентски домови ширум државава.

Инаку, покрај Јаневска за медиумите ијзава даде и Александар Николоски, претседател на универзитетското студентско собрание кој вели дека годинава за прв пат ќе се работи на закон за студентска работа со која што студентите ќе придонесуваат за подобрувањето на економијата.

„Можам да кажам дека годинава за прв пат ќе се работи на закон за студентска работа со која студентите дополнително ќе можат да придонесуваат во текот на студиите за подобрување на нашата економија.“-вели Николоски.

Николоски додава и дека во делот на универзитетите треба да се дигитализираат учебници и да се користат дигитални картички за ЈСП, а не како досега пластифицирани.

„Во делот на дигиталните решенија на сите универзитети да се дигитализираат учебници и да се користи дигитална картичка за ЈСП наместо досегашната пластифицирана“-додава Николоски.

На денешната дискусија помеѓу министерката Јаневска и средношколците се зборуваше и за кариерното советување кое што е потребно и во средното и во високото образование, кое веќе е стигнато на сила според новиот закон. 

„Во оваа дискусија истовремено разговаравме и за кариерното советување кое е потребно и во средното и во високото образование, кое веќе ќе дојде на сила со новиот закон.“-вели Берин Мухамед, претседател на сојузот на средношколците.


#Македонија

Коментари

Популарни постови са овог блога

Ученици од здравствената струка при СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп мереа шеќер во крвта, крвен притисок и витаминско-минерален статус (фото)

Реновирале стан и целиот отпад го оставиле во парк во Прилеп

Лишени 12 лица од слобода во Прилеп