Преку протест во Скопје граѓаните бараат правда за Фросина и за жртвите од сообраќајни несреќи
Протестот се одржа во Скопје пред Основниот кривичен суд во Скопје...
Револтираните граѓани по вчерашната трагедија каде во Скопје беше прегазена 22 годишната Фросина Кулакова од Штип, од страна на 20 годишниот возач кој ја усмрти на пешачки премин излегоа на протест.
20 годишниот возач во моментот на несреќата бил пијан и без возачка дозвола, а исто така поминал и на црвено светло на семафор при што со голема брзина удрил во 22 годишната Фросина која што починала на лице место.
Основното Јавно Обвинителство од Скопје потврди дека на 20 годишниот возач ова не му бил прв прекршок, а во неговото досие стои дека оваа собраќајна несреќа не му била прва, тој пред околу 3 години удрил во пешак кој се здобил со лесни повреди, но возачот и општината се спогодиле. На возачот исто така му се судело и за неовластено производство и пуштање во промет на нароктични дроги и психотропни супстанции. Судот тогаш пресудил да се ресоцијализира во поправен дом.
„Осомничениот на 31.7.2024 година бил првостепено осуден од страна на судијаката Даниела Алексовска-Стојановска и тоа за две кривични дела „неовластено производство’’ и „пуштање во промет“ на наркотични дроги и други психотропни супстанции. Пресудата заради неговата возраст, неполни 20 години му била во вид на воспитна мерка“-велат од ОЈО Скопје.
Од страна на судот мерката била укината, за по неполни 6 месеци 20 годишникот да напарви ново кривично дело со смртни последици.
Министерот за Внатрешни Работи, Панче Тошковски вели дека јавоста прашува како е можно лице кое има криминално досие, без возачка дозвола и со голем број прекршоци повторно да биде зад автомобилскиот волан.
„Јавноста прашува како може лице кое претходно има криминално досие, без возачка дозвола и со голем број прекроци повторно да биде зад воланот? Ова не е само несреќа, таа е резултат на пропустите во системот. Ова не се само дилеми за дискусија, туку се’ сериозни и реални проблеми што бараат конкретни и неодложни решенија“-вели Тошковски.
Со положување на свежо цвеќе и палење на свеќи на местото каде што во вчерашната трагична сообраќајна несреќа загина 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино граѓаните и оддадоа почит на жртвата во сообраќајот, при што побараа правда за Фросина, а за сторителот побараа да ја добие заслужената казна. Граѓаните од местото на загинувањето на Фросина со транспаренти во рацете се упатија кон македонското собрание, основното јавно обвинителство и скопскиот кривичен суд.
Екипата на Инфо-Прилеп изразува сочувство до семејството на Фросина Кулакова.
#Македонија
Коментари
Постави коментар