За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево

Од Упаравата за Хидрометеоролошки Работи на Македонија известуваат дека...

Според податоците од УХМР денеска имаме променливо облачно, по котлините магливо и со ниска облачност време. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поинтензивни. Во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневниот температурен максимум се движи во интервалот од најниски -1 до највисоки 14 степени целзиусови.

Според УХМР времето во текот на утрешниот ден ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски 3 до највиоски 14 степени целзиусови.

Прогноза за 31.1.2025 година (петок)

Според податоците од УХМР во петок не очекува сончево со мала до умерена облачност време. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -1 до највисоки 15 степени целзиусови.

Прогноза за 1.2.2025 година (сабота)

Според УХМР во сабота не очекува претпладне по котлините со магла и ниска облачност време. Преку денот променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -3 до највисоки 14 степени целзиусови.

Прогноза за 2.2.2025 година (недела)

Според УХМР на вторниот ден од викендот т.е во недела не очекува променливо облачно време. Попладне и во текот на ноќта кон понеделник со локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневниот температурен макимум ќе се движи во интервалот од најниски -1 до највисоки 12 степени целзиусови.

Временска најава

Утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Во петок и сабота времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.

Метео предупредување

Денес попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поинтензивни. Во западните делови ќе има услови за појава на грмежи. 


Извор на информации: УХМР

#Сервисни информации


Коментари

Популарни постови са овог блога

Јовчески: Новата прилепска катна гаража се очекува во употреба да се пушти за три недели

Автобускиот градски превоз во Прилеп со изменет возен режим

(Видео) Публиката на втората фестивалска вечер уживаше во настапот на Таско, Огнен Здравковски, Суперхикс и Том Нови