Делницата Градско-Дреново од експресниот пат Грдско-Прилеп пуштена за употреба
Делницата е во должина од 15,5 километри и 1 километар од делницата Фариш-Дреново...
Од денеска официјално во употреба пуштена е во употребата делницата од Градско до Дреново и плус уште еден километар од делницата Фариш-Дреново, овие делници се дел од автопатот Градско-Прилеп.
На официјалното пуштање на оваа делница присуствуваше и директорот на Јавното Претпријатија за Државни Патишта, Коце Трајановски кој вели дека за два месеци ја започнале реализацијата на овој пат и дека имало огромен проблем со косина, а исто така имало и неасвалтиран пат.
„Ние за два месеци го решивме проблемот, и ја откочивме реализацијата на овој навистина значаен пат. На овој пат имаше проблем со една огромна косина, но имаше и неасвалтиран дел. Успеавме за неколку месеци, односно од месец септември сето ова да го реализираме“-вели Трајановски.
Имено, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски вели дека првиот проблем со кој се соочила владата е извештајот за тоа во каква состојба била изградбата за овој експресен пат.
„Првиот проблем со кој се соочи владата е извештајот за тоа во каква состојба беше изградбата на овој експресен пат. Работници и активности немаше, а исто така не беа решени ниту косините. Гледате како сега пркрасно изгледа од двете страни на патот“-вели Николоски.
Николоски во изјавата додава дека фалеле уште 13 милиони евра за да се исплати и доврши реализацијата на експресниот пат Градско-Прилеп, а според Николоски изведувачот се подготвувал за арбитража.
„Фалеа некаде околу 13 милиони евра за да се доплати и да се доврши реализацијата на овој екпресен пат. Иведувачот се подготвуваше за арбитража“-додава Николоски.
На отворањето на екпресниот пат Градско-Прилеп исто така, присутен беше премиерот и претседател на македонската Влада, Христијан Мицкоски кој им се заблагодари на опозициските партии кој што биле на власт седум години и не успеале да завршат ништо.
„Еве вака јавно да им се заблагодарам на опозициските партии кои додека беа на власт, изминатите седум години не успеаја да ја завршат, па македонската валада која е предводена од коалицијата „Твоја Македонија“, ВМРО-ДПМНЕ, и од коалициите ВРЕДИ и ЗНАМ ја завршија, и нека ние аирлија и среќно на граѓаните кој ќе ја користат“-вели Мицксоки.
Делницата која денеска се пушти во употреба има три клучки Градско, Росоман и Дреново, има четири вијадукти и надпатници, има три потпатници и еден мост. Вкупната сума за проектот 37.300.000 евра, а од нив 26.700.000 евра се обезбедени преку ИПА фондовите, а од буџетот на владата за овој експресен пат се обезбедени 10.600.000 евра.
Инаку, со овој експресен пат граѓаните од Пелагонија до главниот град ќе патуваат помеѓу час и десет минути и час и половина.
#Македонија

Коментари
Постави коментар