За Божиќ времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд и снег
Според податоците од УХМР времето ќе биде...
Според податоците од УХМР времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец кои достигна брзина и до 60 километри на час. Во попладневните и вечерните часови во западните делови имаме врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и планините врнежите се од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на повеќе места, а истите пообилни ќе бидат во западните делови од државата. Врнежите во раните утрински часови со помош на засилениот северен ветер ќе преминуваат во врнежи од снег на повисоките места, но и на некои пониски места. Дневниот температурен максимум се движеше во интервалот од најниски -6 до највисоки 13 степени целзиусови.
Според податоците од УХМР во текот на утрешниот ден не очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд и снег на пониските места, а на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж повардарието ќе дува засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а ќе се формира и помала снежна покривка на некои од повисоките места. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -4 до највисоки 10 степени целзиусови.
Прогноза за 5.1.2025 година (недела)
Според УХМР во недела не очекува студено утро со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе имаме сончево со мала до умерена локална облачност време, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -7 до највисоки 12 степени целзиусови.
Прогноза за 6.1.2025 година (понеделник)
Според УХМР во понеделник не очекува студено утро со појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе имаме сончево со мала до умерена локална облачност време, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневниот температурен максимум ќе биде во интервалот од најниски -6 до највисоки 13 степени целзиусови.
Прогноза за 7.1.2025 година (вторник)
Според УХМР во вторник не очекува променливо облачно со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб, а наместа во попладневните часови засилен ветер кој претежно ќе биде од јужен правец. Дневниот температурен максимум ќе се движи во интервалот од најниски -2 до највисоки 14 степени целзиусови.
Временска најава
Утре во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Локални врнежи од дожд се очекуваат помеѓу вторник и среда.
Метео предупредување
Денес во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Под влијание на влажен бран во попладневните и вечерните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на повеќе места, во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м2), а кон утринските часови со засилен северен ветер ќе преминуваат во снег на повисоките, а и во некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер.
Извор на информации: УХМР
#Сервисни информации
Коментари
Постави коментар